Servet Günerigök
29 Јануари 2022•Ажурирај: 31 Јануари 2022
ВАШИНГТОН
Претседателот на САД, Џо Бајден, во петокот изјави дека ќе прати американски трупи во источна Европа и земјите на НАТО, неколку дена откако Пентагон стави во состојба на подготвеност илјадници војници среде тензиите меѓу Русија и Украина, известува Агенција Анадолија (АА).
„Наскоро ќе ги преместам американските трупи во источна Европа и земјите на НАТО. Не станува збор за многу војници“, им соопшти Бајден на новинарите.
Бајденовата најава доаѓа по четири дена откако Пентагон соопшти дека 8.500 војници се ставени во состојба на засилена подготвеност во САД во случај на активирање на силите за одговор на НАТО или доколку безбедносната ситуација во Европа значително се влоши.
Одлуката за ставање на силите во состојба на подготвеност доаѓа среде растечките тензии во источна Европа, додека Западот и НАТО ја обвинија Русија дека се подготвува за инвазија на Украина. Русија постави повеќе од 120.000 војници на границата со поранешната советска република со распоредување на тенкови и артилерија. Слична активност е забележана и во Белорусија.
Русија негира дека подготвува инвазија и тврди дека во прашање се редовни вежби.