Michael Gabriel Hernandez
01 Септември 2021•Ажурирај: 02 Септември 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) со влегувањето во 20-тата година од војната во Авганистан беа без јасна цел, изјави американскиот претседател Џо Бајден по повлекувањето на американските сили од земјата зафатена од војна, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бајден рече дека САД „беа нација која беше предолго во војна“ и дека тој се соочил со одлука „заминување или ескалирање“, мислејќи на пактот што неговиот претходник го посредуваше со талибанците и кој гарантираше дека американските сили нема да бидат нападнати додека се повлекуваат од Авганистан.
„Повеќе немавме јасна цел во мисијата во Авганистан“, рече Бајден за време на обраќањето во Белата куќа.
„По 20 години војна во Авганистан, одбив да испратам друга генерација американски синови и ќерки да војуваат во војна што требаше да заврши одамна“, додаде тој.
Претседателот се заложи дека ќе ја прекине војната за време на трката за Белата куќа во 2020 година и го исполни тој завет пред навршување на дваесетгодишнината од почетокот на војната.
„Се обврзав пред американскиот народ дека ќе се заврши оваа војна. Денес, ја испочитував таа обврска“, рече Бајден.