Tuğçenur Akgün
29 Мај 2023•Ажурирај: 30 Мај 2023
ЊУЈОРК (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден му ја честита победата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вториот круг од претседателските избори во Туркије, пренесува Анадолу.
Бајден преку Твитер објави честитка до Ердоган кој, според неофицијалните резултати објавени од страна на Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК), е реизбран за претседател на Туркије.
„Му честитам на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за неговиот реизбор“, напиша Бајден.
„Како НАТО-сојузници, со нетрпение очекувам да работиме заедно за билатералните прашања и заедничките глобални предизвици“, додаде американскиот претседател.