Kasım İleri
04 Декември 2021•Ажурирај: 05 Декември 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изрази загриженост поради нападите на ДЕАШ во Ирак, откако во последниот напад во подрачјето Махмур се убиени 10 Пешмерги и тројца цивили, известува Агенција Анадолија (АА).
„САД се длабоко загрижени поради ескалацијата на нападите на ДЕАШ во Ирак, вклучувајќи го и нападот во кој вчера се убиени 10 Пешмерги и тројца цивили во подрачјето на Махмур. Им изразуваме сочувство на семејствата на загинатите“, се вели во писменото соопштение на Блинкен.
Шефот на Стејт департментот истакна дека ќе продолжат да ги поддржуваат Пешмергите и Ирачките безбедносни сили во рамките на настојувањето на нивната земја трајно да го порази ДЕАШ.