Michael Hernandez
09 Мај 2017•Ажурирај: 09 Мај 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Министерот за правда на Република Турција, Бекир Боздаг, за време на посетата на Соединетите Американски Држави (САД) со американскиот министер за правда Џеф Сешнс разговараше за испорачувањето на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, јавува Anadolu Agency (AA).
Главна тема на состанокот било прашањето за екстрадиција на Ѓулен во Турција, на што Анкара инсиситира по обидот за пуч во Турција на 15 јули минатата година.
Турскиот министер побарал приведување на Ѓулен, како и доставување на претходно приложената документација во врска со овој случај до судот.
Боздаг и Сешнс се согласија дека ќе ја продолжат соработката во врска со ова прашање.
Состанокот на двајцата официјални претставници се одржа во зградата на Министерството за правда во Вашингтон и траеше околу 45 минути.
Боздаг го посети Вашингтон во пресрет на посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на САД на 16 и 17 мај.