Ekip
08 Февруари 2025•Ажурирај: 08 Февруари 2025
РАФА (AA) - Амбулантни возила денес пренесоа болни и ранети Палестинци од Европската болница во Кан Јунис во Египет на лекување преку граничниот премин Рафа, јавува Анадолу.
Граничниот премин делумно е повторно отворен за цивилите за прв пат по осум месеци, по повлекувањето на израелската армија.
Тоа ќе им овозможи дневно низ граничниот премин дневно да поминуваат 200 луѓе, по 50 повредени лица со по тројца придружници.
Договорот за прекин на огнот во Газа стапи на сила во Газа на 19 јануари, со што се сопре геноцидната војна на Израел, во која се убиени речиси 48.200 Палестинци, повеќето жени и деца, а енклавата е оставена во урнатини.
Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.