Mustafa Deveci
25 Јуни 2019•Ажурирај: 25 Јуни 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Советникот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД), Џон Болтон, изјави дека американскиот претседател, Доналд Трамп, е подготвен за вистински преговори и дека она што Иран треба да го направи е да помине низ отворената врата, јавува Anadolu Agency (AA).
Болтон на обраќањето за време на трилатералниот безбедносен самит на САД-Русија-Израел одржан во Западен Ерусалим, се осврна на тензиите меѓу Вашингтон и Техеран.
Тој се осврна и на обидите на американските дипломати за намалување на тензиите, а Иран го обвини за игнорирање на овие тензии.
„Нема ниту еден доказ дека Иран со стратешка одлука се откажал од нуклеарното оружје“, изјави Болтон.
Тој се осврна и на можните преговори меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран.
„Претседателот Трамп ги остава отворени вратите за вистински преговори. Она што Иран треба да го направи е да помине низ отворената врата“, изјави Болтон.
Трилатералниот безбедносен самит започна вчера во Западен Ерусалим и продолжува и денес, а главни теми се случувањата во Сирија и улогата на Иран во регионот.