Hakan Çopur
25 Јуни 2019•Ажурирај: 26 Јуни 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Од Белата куќа е потврдено дека американскиот претседател, Доналд Трамп, ќе се состане со својот турски колега, Реџеп Таип Ердоган, на маргините на претстојниот самит на лидерите на земјите од Г-20, пренесува Anadolu Agency (AA).
Самитот на лидерите на Г-20 ќе се одржи на 28 и 29 јуни во Осака, Јапонија, а од Белата куќа соопштија дека Трамп на маргините на самитот одвоено ќе се состане со лидерите на осум земји.
Покрај состанокот со својот турски колега Ердоган, Трамп во Осака ќе се состане и со рускиот претседател, Владимир Путин, со кинескиот претседател, Си Ѓинпинг, и со јапонскиот премиер, Шинзо Абе, кој е домаќин на самитот.
Трамп, исто така, ќе оствари средба и со саудискиот принц, Мухамед бин Селман, и со индискиот премиер, Нарендра Моди, германската канцеларка, Ангела Меркел, и со премиерот на Австралија, Скот Морисон.