Ömer Azzam,Zeynep Hilal Karyağdı
27 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
КАИРО (АА) - Во египетскиот град Ариш беше изршен бомбашки напад врз воен автобус, при што загинале тројца војници а осуммина се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Државната египетска агенција МЕНА објави дека во градот Ариш во северен Синај, бил активиран експлозив поставен на пат во момент кога минувал воен автобус. Од експлозијата загинале тројца, а осуммина војници се повредени. Повредените војници биле префрлени во воената болница во Арис.
По настанот, безбедносните сили организирале истражување на теренот под сомневање дека постојат и други експлозивни тела. Никој не ја презел одговорноста за настанот. За можни извршители на нападот се посочува организацијата на Енсар Бејт ел-Макдис и други вооружени групи, кои во ноември 2014 година ја истакнаа својата верност кон терористичката организација ДАЕШ.
Војската на Египет и нејзините безбедносни сили од септември 2013 започна со операции против терористите кои вршат напади врз безбедносните сили во Северен Синај и повеќе области од регионот.