Salim Taş
11 Октомври 2021•Ажурирај: 12 Октомври 2021
ХАТАЈ (АА) - Најмалку тројца цивили загинаа, а десетмина се повредени во бомбашки напад во Африн, во северниот дел на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Нападот се случи во 12:45 часот по локално време. Бомбашкиот напад е извршен со автомобил бомба во центарот на Африн“, се соопштува од Канцеларијата на гувернерот на турскиот град Хатај.
„Во експлозијата што со возило во центарот на Африн ја активира терористичката организација ЈПГ/ПКК е утврдено дека тројца цивили загинале, а десетмина се повредени. Сите повредени се префрлени во околната болница“, се наведува во соопштението.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.
Во 2016 година Турција започна неколку успешни антитерористички прекугранични операции во Сирија, со цел да спречи формирање терористички коридор и за осигурување безбедна средина за враќање на раселените лица. Станува збор за операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).