Ömer Tuğrul Çam
11 Октомври 2021•Ажурирај: 12 Октомври 2021
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) одлучи да ги продолжи санкциите за употреба и ширење на хемиското оружје за уште една година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според изјавата на Европскиот совет, санкциите ќе важат до 16 октомври 2022 година и доколку е потребно ќе можат повторно да бидат продолжени.
Тековниот режим на санкции, што стапи на сила во 2018 година, опфаќа поединци и организации одговорни за развој и употреба на хемиското оружје и оние што обезбедуваат финансиска и техничка помош за таквите процеси.
Со оваа одлука на ЕУ, на листата за санкции се наоѓаат 5 лица од сирискиот режим, 4 лица поради хемискиот напад врз поранешниот руски агент Сергеј Скрипал во Солсбери, Велика Британија, и 6 лица со образложение дека имале улога во труењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој беше затворен во Русија.
Покрај тоа, на листата со санкции ставени се и Истражувачкиот центар на сирискиот режим и Истражувачкиот институт за хемија и технологија на Русија.
Санкциите вклучуваат забрана за патување и замрзнување на имотот.