Hasan Esen
19 Декември 2021•Ажурирај: 20 Декември 2021
ЛОНДОН (АА) – Британскиот секретар за Брегзит, Дејвид Фрост, поднесе оставка од Владата на Борис Џонсон со образложение дека односите со Европската Унија се долгорочна задача, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фрост во писмото до Џонсон наведува дека тој го водел процесот на излегување на Обединетото Кралство од ЕУ две и пол години, истакнувајќи дека двајцата ја вратиле слободата и независноста на Велика Британија како држава и го започнале процесот на воспоставување нови односи со ЕУ.
Тој забележа за протекувањето на информацијата до медиумите за неговата одлука да ја напушти функцијата пред да се случи во јануари.
„Разочарувачки е што овој план стана јавен и според околностите мислам дека е правилно од моја страна да напишам дека се повлекувам од функцијата, што стапува на сила веднаш“, рече тој.
Фрост истакна дека „Брегзит сега е безбеден“, но дека „предизвикот за Владата сега е да ги испорача можностите што ѝ се даваат“ на Велика Британија.
Тој го критикуваше правецот на владините политики во однос на пандемијата на коронавирусот и жали за чекорите во јули за повторно отворање на економијата кои, како што истакна, биле „неповратни“, и додаде: „Се надевам дека наскоро ќе можеме да се вратиме на вистинскиот пат и нема да бидеме искушани од принудните мерки што ги видовме на други места“.
Оставката на Фрост дојде во време кога Џонсон е политички заглавен.
Конзервативната партија, предводена од Џонсон, чии 98 пратеници гласаа против регулативата за вакциналниот пасош, исто така загуби на дополнителните избори во Северен Шропшир на 16 декември.