Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
19 Декември 2021•Ажурирај: 21 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Најмалку четири лица, меѓу кои и деца, загинаа откако лесен авион се урна во близина на источниот брег на Австралија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Потврдено е дека при падот на авионот во водите во близина на Редклиф, предградие северно од Бризбејн, животот го изгубиле двајца мажи и две деца, според јавувањето на локалните медиуми.
Главниот комесар на Австралиското биро за сообраќај, Ангус Мичел, за медиумите изјави дека тимови од Бризбејн и Канбера се на местото на настанот за да ја утврдат причината за несреќата.
Тој, исто така, упати апел доколку има сведоци на несреќата да им помогнат на властите во истрагата.