Şenhan Bolelli
05 Јули 2017•Ажурирај: 06 Јули 2017
МАДРИД (АА) - Во Алборанското Море, најзападниот дел од Средоземното Море, пронајден е полупотонат брод што превезувал илегални мигранти. Од бродот се спасени само тројца илегални мигранти, а се претпоставува дека останатите 49 патници се удавиле, јавува Anadolu Agency (AA).
Шпанската крајбрежна стража издаде писмено соопштение во коешто известува дека на отворени води во Алборанското Море е пронајден полупотонат брод од којшто се спасени тројца мажи. Спасените лица со хеликоптер се префрлени во болница во пристанишниот шпански град Алмерија. Тројцата мажи кои поради дехидрираност се пронајдени во речиси безживотна состојба, но во болницата се опоравија.
Во соопштението се истакнува дека во неделата е добиена пријава за брод што тргнал на пат од крајбрежниот град Ал Хосеима, Мароко, со 52 илегални африкански мигранти. По бродот се трагало повеќе од 48 часа, а екипите на крајбрежната стража утрово успеале да го пронајдат. Се претпоставува дека останатите 49 патници на бродот се удавиле.
Некои здруженија за човекови права од Шпанија истакнаа дека ова е најголема трагедија на илегални мигранти во последните години во Алборанското Море.