Talha Yavuz
26 Септември 2020•Ажурирај: 28 Септември 2020
КИЕВ (АА) – Бројот на загинати во авионската несреќа, што се случи синоќа во подрачјето на Харков во Украина, се зголеми на 26, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за внатрешни работи на Украина се наведува дека едно од двете повредени лица починало во болницата, додека лекувањето на другото лице продолжува.
Украинскиот претседател, Владимир Зеленски, во изјавата дадена на местото на настанот рече дека ќе им се помогне на семејствата на загинатите и повредените во несреќата.
Зеленски, истакнувајќи дека има многу информации во медиумите во врска со несреќата, рече: „Ова е голема трагедија, загинаа наши деца. Да го почекаме официјалниот заклучок на комисијата.“
На местото на падот на авионот пристигнаа и украинскиот министер за внатрешни работи, Арсен Аваков, и украинскиот министер за одбрана, Андриј Таран.
Исто така, формирана е државна комисија за испитување на несреќата, предводена од украинскиот вицепремиер, Олег Урускиј.
Поради несреќата, денеска е прогласен ден на жалост во земјата.