Selman Aksünger
25 Септември 2020•Ажурирај: 27 Септември 2020
ДЕН ХАГ
Во голема операција на Европската полициска агенција (Европол) запленети се фалсификувани производи во вредност од 28 милиони евра, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Европол се наведува дека операцијата е спроведена во 21 држава, вклучувајќи ги Италија и Ирска кои беа во епицентарот на истрагата.
Меѓу запленетата нелегална стока се 27 милиони заштитни маски, 800.000 костуми и големо количество опрема и играчки.
Станува збор за нелегални производи кои се продавани на интернет; затворени се 36 интернет-страници и 123 профили на социјалните медиуми преку кои се водела продажбата.
Уапсени се 10, а се трага по уште 37 осомничени лица.
Од Европол предупредија дека преку социјалните мрежи е отворена можност за помасовна дистрибуција и продажба на нелегална стока и укажано е на неопходноста од информирање на јавноста за тој ризик.
Европол во наредниот период внимателно ќе ја следи работата на интернет-платформата за продажба на стоки и услуги.
Во вторникот во меѓународната акција на Европол уапсени се 179 лица осомничени за вмешаност во интернет-продажбата на нелегални производи.