Riyaz Khaliq Khaliq
04 Јануари 2024•Ажурирај: 05 Јануари 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на загинати во силните земјотреси во Јапонија поради големите земјотреси се искачи на 78, пренесува Анадолу.
Како исчезнати се водат најмалку 51 лице, објави токиската „Кјодо њуз“.
Централна Јапонија беше погодена од повеќе земјотреси во понеделникот попладне со магнитуда од дури 7,6 степени, предизвикувајќи големо уништување, а многу подрачја сѐ уште се отсечени.
Јапонија од понеделникот е погодена од околу 600 потреси.
Епицентарот на земјотресот е регистриран во регионот Ното кој излегува на Јапонското Море.
Префектурата Ишикава е најтешко погодената област, каде што се пријавени повеќето смртни случаи и е забележана голема деструкција на објектите, главно во градот Ваџима, каде што, наводно, под урнатините уште има луѓе. Илјадници домаќинства се без струја.
Јапонија распореди илјадници војници во операциите за пребарување и спасување, а лошото време дополнително ги отежнува операциите.
Премиерот Фумио Кишида ги потенцира „сеопфатните напори“ за спасување на „што е можно повеќе животи во текот на првите 72 часа од катастрофата“.
Владата сака да додели околу 4 милијарди јени (28 милиони долари) како одговор на катастрофата.
Повеќе сили се распоредени за операциите за пребарување и спасување, додека бројот на евакуирани луѓе во префектурата Ишикава се искачи на околу 34.000, а околу 110.000 домаќинства во префектурите Ишикава, Тојама и Ниигата сè уште се без вода.