Riyaz Khaliq Khaliq
14 Септември 2021•Ажурирај: 15 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Бројот на стогодишници во Јапонија за првпат се искачи на рекордни 86.510, покажуваат податоците од Владата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на стогодишници во Јапонија се искачи над 10.000, постојано растејќи 51 година, објави тамошната новинска агенција „Кјодо“ повикувајќи се на податоци на Министерството за здравство.
Јапонија се бори со стареењето на населението главно поради зголемениот развој на медицинската и социјалната инфраструктура во земјата.
Податоците покажаа дека бројот на стогодишници се зголемил за 6.060 од претходната година.
Јапонија секоја година го одбележува 20 септември како празник за изразување „Почит кон постарите“ во земјата.
Министерството, исто така, откри дека жените сочинуваат најмалку 88,4 отсто од вкупните 86.510, што е за 5.475 повеќе од претходната година, а мажите се вкупно 10.060, што е 585 повеќе.
Јапонската Влада започна истражување за стогодишниците во 1961 година, кога откри само 153 луѓе над 100 години.
Западната провинција Шимане има најголем број стогодишници, а потоа префектурите Кочи и Кагошима.
Во меѓувреме, во соопштението на Кабинетот на премиерот се вели дека бројот на случаи на Ковид-19 во земјата се искачил на 1,7 милиони, вклучувајќи 16.846 смртни случаи.
Податоците објавени од Владата, исто така, покажаа дека повеќе од 50 отсто од 126 милиони луѓе во земјата се целосно вакцинирани против Ковид-19.
Околу 64 милиони луѓе заклучно со вчера (понеделник) имаат примено две дози од вакцините против Ковид-19.