Murat Ünlü
06 Декември 2016•Ажурирај: 06 Декември 2016
ПАРИЗ (АА) - Премиерот на Франција, Мануел Валс, кој вчера соопшти дека ќе биде кандидат на претседателските избори што ќе се одржат идната година, ја поднесе својата оставка пред францускиот претседател Франсоа Оланд, јавува Anadolu Agency (AA).
Франсоа Оланд на својот профил на Твитер ја сподели веста: „Бернард Казнев го именував за премиер и му ја дадов должноста да формира нова влада“.
Вчера во градот Еври, каде што претходно беше градоначалник, премиерот Валс објави дека ќе се учествува во трката за претседател на Франција.
Валс, кој е член на Социјалистичката партија, имаше изјавено дека е потребно да се обедини разединетата левицата.
Валс е премер на Франција од 31 март 2014 година, кога претседателот Франсоа Оланд го постави на таа позиција. Кандидатурата на Валс излезе во преден план по 1 декември, кога претседателот Оланд изјави дека нема да учествува во трката за нов претседател на Франција.
Според испитувањето на јавното мислење, популарноста на Оланд во последните месеци е под 10 отсто, додека популарноста на Валс е малку поголема.
Социјалистичката партија во периодот од 22 до 29 јануари ќе го избира својот кандидат на претседателските избори во Франција. Кандидатите треба своите кандидатури да ги поднесат најдоцна до 15 декември.
Пред две недели, десната Републиканската партија во Франција организираше интерни избори, на кои како претседателски кандидат на републиканците беше избран Франсоа Филон.
Двата изборни круга за претседател на Франција ќе се одржат на 23 април и 7 мај 2017 година.
Фаворити на претстојните претседателски избори во Франција се републиканскиот кандидат Филон и лидерката на Националниот фронт, Марин Ле Пен, партија на ектремната десница во Франција. Според анкетите на јавното мислење, не ѝ се даваат поголеми шанси на владејачката Социјалистичка партија.