Murat Karadağ
06 Декември 2016•Ажурирај: 06 Декември 2016
ВЕРАКРУЗ (АА) - Најмалку 14 милитанти загинааа во судирите меѓу силите на крајбрежната стража и вооружените припадници на криминална група во сојузната мексиканска држава Веракруз, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата за координација на полициските сили во Веракруз соопшти дека вооружената група припадници на нарко клан отвориле оган на патролна единица на крајбрежната стража во местото Хесус Каранза во Мексиканскиот Залив.
Припадниците на крајбрежната стража одговориле на нападот, и во размената на оган загинале најмалку 14 припадници на криминалната група.
Во соопштението се наведува дека од местото на настанот побегнале голем број милитанти, а полицијата на местото на судирот пронашла и запленила еден снајпер и 13 пушки.
Мексико веќе со децении е средиште на дејствувањето на голем број криминални групи, кои претставуваат најголем безбедносен проблем во таа земја.