Umur Koçak Semiz
12 Јуни 2017•Ажурирај: 13 Јуни 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Сопругата на американскиот претседател, Доналд Трамп, Меланија Трамп, по речиси пет месеци, се пресели во Белата куќа, јавува Anadolu Agency (AA).
„Се радувам на спомените коишто ќе ги создадеме во новата куќа“, напиша Меланија на социјалните мрежи.
Таа ја сподели и фотографијата од просторијата со поглед на „Washington Monument“.
Првата дама на САД одлучи да живеe во зградата Трамп во Њујорк додека не почне распустот на 11-годишниот син Барон.
Американците ја критикуваа одлуката на Меланија за останувањето во Њујорк.
Таа е првата „Прва дама“, која реши да не се пресели веднаш во Белата куќа, откако нејзиниот сопруг положи свечена заклетва.
Сопругата на поранешниот американски претседател Барак Обама, Мишел Обама, пред сопругот се пресели во Вашингтон со цел да го избере вистинското училиште за нивните ќерки.