Ekipa
16 Август 2017•Ажурирај: 17 Август 2017
ЛОНДОН (АА) - Владата на Велика Британија најави дека по Брегзит не мора да има граници помеѓу Северна Ирска и Република Ирска, јавува Anadolu Agency (AA).
Се додава дека ќе бидат неопходни „флексибилност и имагинација" со цел да се задржи сега невидливата граница, кога Велика Британија ќе излезе од Европската Унија, а Ирска ќе остане нејзин член.
Велика Британија наведува дека идното царинско партнерство може да ја елиминира потребата од гранични премини. Меѓутоа, лидерите на ЕУ се скептични во врска со ова прашање.
Велика Британија денес го објави предлогот на Северна Ирска, кој претставува само еден во низата документи кои се занимаваат со големите проблеми во преговорите за Брегзит, кои ќе продолжат подоцна овој месец во Брисел.
Владата на Република Ирска ја поздрави заложбата на британските колеги за да се избегне поставувањето на гранични премини.