Emre Aytekin
22 Јули 2018•Ажурирај: 23 Јули 2018
ХАНОИ (АА) - Најмалку 19 лица загинаа во поплавите во Виетнам, кои ги предизвика тајфунот „Сон Тин“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тропската бура и тајфунот „Сон Тин“ ги погодија северните делови од Виетнам и предизвикаа поплави во неколку населени региони.
Локалниот весник „Бангкок пост“ (Bangkok Post) објави дека во поплавите животот го загубиле најмалку 19, а 13 лица се водат за исчезнати.
Невремето, проследено со бура, го погоди главниот виетнамски град Ханои. Ова е трета бура од ваков тип што од почетокот на годината го погоди Виетнам.