Cem Şan
29 Ноември 2016•Ажурирај: 29 Ноември 2016
БУРСА (АА) - Фирма од Истанбул произведува специјални ВИП возила со сефови, мини фрижидери, аудио- и видеосистем, тоалет и други удобности, и ги продава за цена од 20 до 120 илјади евра во Белгија, Франција, Германија, Русија, Саудиска Арабија, Јордан, Оман и во други држави, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот за продажба, Налан Торук, во изјава за АА рече дека веќе 20 години со своите вработени инженери дизајнираат специјални внатрешни дизајни за возила.
Таа изјави дека досега правеле внатрешен дизајн за подвижни продавници, подвижни златари, како и возила со уреди за истражување земјотрес и амбулантни возила, но сега повеќе се сконцентрирани на правење специјални дизајни за возилата за посебни личности и странски туристички возила.
Торук објасни дека ентериерот на новокупените возила се дизанира според желбите на сопствениците.
„Ги менуваме седиштата и пластиката во автомобилите. Во зависност од желбите, монтираме електрични, вртечки или лежечки кревети, или столови. Монтираме ЛЦД телевизори за да нема контакт со шоферот. Можеме да додадеме и безжичен интернет, сателитски систем, аудиосистем, машина за кафе, мини-фрижидер, специјален мал сеф и друго. Исто така, додаваме и електрични маси, така што патниците имаат покомфорен пат“, истакна Торук.
Таа нагласи дека системот за музика во возилата може да биде според барањата на сопствениците.
„Осветлувањето во возилото може да менува боја според музиката. Правиме дизајн каков што сакаат клиентите. Исто така, сите уреди во возилата може да се контролираат со таблет“.
- ВИП возила со тоалет и со туш-кабина -
„Од Арапите добиваме различни барања. Еден клиент од Саудиска Арабија ни побара тоалет и туш-кабина. Возилото не беше многу големо, беше комбе-стил. Тој ни го објасни дизајнот што го замислува. Ние го опремивме неговото возило со тоалет и му го вративме. Ова вредеше околу 300 илјади лири“, раскажува Торук.
Таа рече дека, дизајнираните возила ги продаваат во странство. „Ги извезуваме возилата во Белгија, Франција, Германија, Русија, Саудиска Арабија, Јордан, Оман и други држави. Посебно имаме доста побарувачка од Блискиот Исток и Арапите. И во Турција продаваме посебни дизајнина познати личности и фирми“, истакна Торук.
Тие исто така прават и дизајн на стандардни возила. Торук рече дека, годишно прават околу 50 дизајни за стандарт возила.
Таа нагласи дека, кога прават специјални дизајни, или дизајн од повисоко ниво, годишно достигаат до 30 дизајни. „Цените зависат од желбите на муштериите. Тие почнуваат од 20 илјади евра па се до 120 илјади евра. За ова одлучува муштеријата“, заклучи Торук.