Barış Seçkin
15 Ноември 2019•Ажурирај: 16 Ноември 2019
РИМ (АА) - Советот на министри на Италија под водство на премиерот Џузепе Конте прогласи итна состојба во Венеција која е погодена од природна катастрофа, со цел итно нормализирање на животот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Премиерот го посети овој историски град каде што нивото на водите се покачи и до 187 сантиметри поради интензивните врнежи од дожд, а потоа го свика неговиот кабинет за да разговараат за состојбата.
„Владата усвои одлука за прогласување на итна состојба во Венеција. Обезбедивме ресурс од 20 милиони евра за поддршка на итните потреби на градот и локалното население“, напиша на социјалните мрежи Конте по состанокот на Советот на министри.
Нивото на аларм во Венеција е црвено, а прекината е и наставата во училиштата во ова место.
Од 1966 година досега, нивото на водата дистигна второ највисоко ниво.