Sayed Khodaiberdi Sadat
14 Април 2021•Ажурирај: 15 Април 2021
КАБУЛ (АА) - Мисијата за помош на Авганистан при Обединетите нации (УНАМА) соопшти дека во првото тримесечје во 2021 година во Авганистан се убиени 573 цивили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на УНАМА се наведува дека во насилствата, што продолжуваат во земјата, се повредени 1.210 цивили.
Се истакнува дека во овој период во 2021 година е забележан раст од 29 отсто во цивилните загуби во споредба со истиот период минатата година.
Според соопштението, талибанците се одговорни за 43,5 отсто од цивилните загуби, провладините групи се одговорни за 17 отсто од цивилните загуби, терористичката организација ДЕАШ е одговорна за 5 отсто од цивилните загуби, додека опозициските групи во државата се одговорни за останатите цивилни загуби.
Во соопштението се вели дека цивилните загуби се предизвикани како резултат на судири, бомбашки напади и атентати.
Се нагласува дека е страшно што меѓу цивилните загуби има деца и жени.