Sayed Khodaberdi Sadat
13 Јули 2016•Ажурирај: 13 Јули 2016
МАЗАРИ ШАРИФ (АА) - Во различни провинции на Авганистан, во операции организирани против Талибанците, убиени се 21 член на организацијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за одбрана на Авганистан даде соопшти дека во провинциите Нангархар, Газни, Кандахар, Херат, Кундуз, Хелманд и во Орузган, во операции организирани во последните 24 часа, убиени се 21 талибански милитант.
Во изјавата се вели дека во операциите биле ранети тројца милитанти, а еден милитант бил фатен жив.
Од друга страна, беше соопштено дека во судирите за време на операциите загинале четворица претставници на безбедносните сили.