ЛОНДОН (АА) – Според мислењето на Тереза Меј, по одлуката од неодамна одржаниот референдум за излез од ЕУ (Брегзит), Обединетото Кралство навлегло во еден турбулентен период, и засега е „во состојба на загарантирана безбедност и стабилност“, јавува Anadolu Agency (AA).
Меј, која е новиот лидер на Конзервативната партија што е на власт, ќе ја преземе функцијата од Дејвид Камерон, со што ќе стане втората жена премиер во историјата на Велика Британија, по Маргарет Тачер.
Според прекарот „ледена кралица“, кој колегите ѝ го упатуваат на Меј поради нејзината строгост и авторитетниот став што го поседува, може да се каже дека таа е олицетворение на „политичка сигурност“ и „ладнокрвност“.
Резултатите од референдумот којшто се одржа на 23 јуни, проследени со оставката од премиерската функција на Камерон, придонесоа за една политичка празнина во власта во државата, која се одрази првенствено врз вредноста на англиската фунта, којашто во последните 30 години забележа најголем пад, со најголема брзина, со што започнаа да се остваруваат црните сценарија за постепен колапс на британската економија.
Понеделничката објава за стапувањето на Меј на местото премиер предизвика донекаде позитивно влијание врз економијата, што се забележува преку благиот пораст на вредноста на англиската фунта.
„Тереза Меј е здодевна, но доверлива. Можеби тоа е она што ѝ треба на Англија“, е насловот на напис во еден од весниците во Англија, која е во исчекување на разврската од турбулентниот процес во кој се наоѓа државата, со помош на новата премиерка.
„Мојата девиза е помалку зборување, а повеќе дејствување“, вели Меј, која е против сфаќањето на политиката како „игра“.
„Одлуките што ги носиме влијаат врз животите на луѓето и ова не треба никогаш да ни излезе од глава“, се зборовите на Меј со кои се потврдува сериозноста со која таа ја сфаќа политиката.
- Религијата е ќерка на човекот, а војската неговиот внук -
„Работата во јавната администрација стана неизоставен дел од мојот живот“ , вели Тереза Меј, за која религијата е ќерка на човекот, а војската неговиот внук.
Меј, во текот на процесот пред и за време на референдумот, остана рамо до рамо и верна на идеалите на Камерон за останување на државата во Унијата. Но притоа, таа избегнуваше да заземе одредена активна улога во референдумската кампања.
Се претпоставува дека поддршката за добивање на премиерската функција Меј ја стекнала во голема мера од поддржувачите на излезот на Британија од Европската Унија. Тоа е така поради фактот што Меј впрочем беше сфатена како „скриен поддржувач на Брегзит“, како резултат на нејзините усогласени ставови со политичарите што беа против ЕУ, по прашањата за бегалската криза произнесени на Европската конвенцијата за човекови права.
Меј е личност што оди в црква секоја недела, таа постојано во чантата носи филтер-кесички од омилениот англиски чај „Ерл греј“, и која ништо не препушта на случајноста. Нејзините колеги ја опишуваат како внимателна жена што во текот на својата министерска кариера покажала „микроскопска внимателност и претпазливост“.
Меѓутоа, Меј не успеала преку донесените политички одлуки во улога на министер, со помош на својата претпазливост, да ги задоволи вкусовите на сите во околината.
- Нејзините успеси и неуспеси -
Како еден од најголемите успеси на Меј, со кој се стекнала во текот на своот мандат како министер за внатрешни работи, се смета отсуството на каков било терористички акт во државата и падот на стапката на извршени кривични дела. Додека пак, неостварувањето на зацртаните проекции за намалување на годишната нето-стапка на миграција во државата од 300 илјади, на помалку од 100 илјади мигранти, се смета за нејзин најголем неуспех.
Спроведените мерки за справување со „исламскиот екстремизам“ во државата, во рамките на програмата испланирана од страна на Меј, предизвикааа бурни реакции од одредени организации за човекови права.
Епитетот „ледена кралица“ Меј најмногу го заслужи во 2015 година, во текот на бегалската криза што ја опфати Европа. Имено, Меј стана најголемиот поддржувач на англиската рестриктивна политика за ограничување на бројот на мигранти што можат да влезат во Англија, на максимум 20 илјади лица во период од 4 години, кои претходно треба да бидат подложени на процес на селекција во прифатните кампови. Меј беше истакната како најголем противник на влегувањето на 3 илјади деца-бегалци во бегалскиот камп Кале во Франција.
- Шкотска и Северна Ирска -
Секундарниот проблем што ја чека новата премиерка, а произлегува од исходот на изгласаниот референдум, е можноста за организирање втор референдум во Шкотска за евентуелна независност од Велика Британија.
Резултатите од референдумот што беше спроведен во Шкотска во 2014 година, беа во полза на останување во рамките на Обединетото Кралство, во друштвото на Англија, Велс и Северна Ирска. Сега, со излезувањето на Велика Британија од ЕУ, условите можат да бидат претворени во „негативни“, проследени со пропаганда за нов референдум за независност.
Премиерката на Регионалната влада на Шкотска, Никола Старџен, изјави дека во иднина може да дојде до втор референдум во Шкотска, со кој таа би се изборила за останување во рамките на Европската Унија, по цена на отцепување од Обединетото Кралство. Стоејќи на донесената одлука за излез од ЕУ, Меј ќе мора да изнајде начин за задржување на Шкотска во рамките на Обединетото Кралство.
Неизбежно е и влијанието што ќе го има излегувањето на Англија од Унијата, врз склученото примирје во Северна Ирска. Постои и можност за спроведување на референдум за обединување на Ирска, која е членка на ЕУ, и на Северна Ирска. Впрочем, Шин Феин веќе оствари еден јавен повик за тоа, веднаш по референдумот за излез од ЕУ.
- Притисокот за предвремени избори -
Меј стапува на својата функција како трет по ред „неизбран“ премиер, во последните 26 години во Англија, и уште од првиот ден е повикана на предвремени парламентарни избори од страна на опозицијата. Во 1990 година, Џон Мејџор стапи на местото на Маргарет Тачер, а во 2007, Гордон Браун го зазеде местото на премиер по оставката на Тони Блер.
Тереза Меј, која во последните 18 години била постојано во високите функциски редови во Конзервативната партија, ќе биде архитектот (креаторот) на новата светска позиција на Британија, која ќе треба да ја стекне како независна држава, надвор од рамките на ЕУ. Меѓутоа, засега не може да се утврдат насоките околу нејзината визија за надворешната политика.
- Лична кариера -
Тереза Меј е родена на 1 октомври 1956 година, како член на едно англиканско семејство. Завршила државно основно и средно училиште и по завршувањето на факултетот за географија при Универзитетот во Оксфорд, ја започнува својата работна кариера во Централната банка на Англија.
Сонувајќи уште од универзитетските денови еден ден да стане премиер на државата, во 1986 година запловува во политичките води како член на Собранискиот одбор на општината во градот Мертон.
Меј своето место како пратеник во Собранието успеа да го обезбеди дури во 1997 година, по преполувањето на бројот на партиските членови, и по претрпениот огромен пораз од страна на Тони Блер, кој го зазеде лидерското место на партијата.
Во 2010 година, Меј беше назначена за министер за надворешни работи во коалиционата влада заедно со либерал-демократската партија.
По повлекувањето на Андреа Лидсом, заменикот-министер за енергетика, од лидерската трка, Меј ја доби можноста за стапување на функцијата лидер на партијата и нов премиер на државата.
- Споредбата со Тачер -
Тереза Меј е споредувана со Маргарет Тачер, првата жена – премиер на Англија, уште од првиот момент на објавувањето на нејзиното име за нов премиер.
Сличноста меѓу овие две жени не се гледа само во фактот што и двете поседуваат строг темперамент.
Токму по примерот на Тачер, и Меј се издвојува како поразлична од останатите членови на Конзервативната партија, припадници на елитата. Таа исто како Тачер, како дете на семејство од средна класа, за разлика од останатите има завршено образование во државно училиште, а не во приватно. Таткото на Тачер бил методистички свештеник, додека оној на Меј бил англикански свештеник.
И двете студирале на Оксфордскиот универзитет, едната на хемија, другата на географија.
И двете лидерки имале неуспешен обид за влез во парламентот при првите два изборни процеса.
Освен епитетот на „челична лејди", кој е својствен за Тачер, Меј од своите колеги го доби и епитетот „ледена кралица" поради строгиот личен израз и авторитетниот став што го поседува, токму како оној на Тачер.
Уште една заедничка карактеристика на двете лидерки е стилот на облекување, кој е поразличен од конзервативните ставови зад кои стојат. Имено, додека Тачер беше препознатлива по својата страст за носење бисери и елегантни чанти, Меј го привлекува вниманието на британските медиуми со ненаметливата облека, во неформален стил, која ја комбинира со чевли во контрастна боја.
news_share_descriptionsubscription_contact
