Sayed Khodaiberdi Sadat
25 Октомври 2020•Ажурирај: 26 Октомври 2020
КАБУЛ (АА) - Во операција во Авганистан убиен е Абу Мухсин ал Масри, еден од челниците на терористичката организација Ал Каеда, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Бирото за национална безбедност на Авганистан соопшти дека безбедносните сили извеле операција против терористичката организација Ал Каеда во покраината Газни.
Се наведува дека во операцијата е убиен Абу Мухсин ал Масри, еден од челниците на оваа терористичка организација.
Ал Масри беше еден од високорангираните водачи на Ал Каеда, кој беше на листата на ФБИ со најбарани терористи. Беше еден од главните водачи на Ал Каеда за подрачјето на Индискиот Полуостров.