Sayed Khodaberdi Sadat
31 Декември 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2019
КАБУЛ (АА) - Во антитерористичките операции на источниот дел на Авганистан е убиен еден од водачите на ДЕАШ, кој се сметаше за челник на разузнавачката мрежа на таа терористичка организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Кабинетот на гувернерот на Нангархар, Атаулах Хогјани, за АА изјави дека авганистанските сили извршиле воздушни и копнени напади и уништиле четири новооткриени бази на терористите на ДЕАШ.
Тој изјави дека во операцијата се убиени најмалку 27 терористи, а дека меѓу нив е и озлогласениот Сидик Јар Орукзеј, кој се сметаше за шеф на разузнавачките структури на ДЕАШ.
И вчера на источниот дел на Авганистан е извршена слична операција во која се убиени најмалку 16 терористи на ДЕАШ.
Авганистан веќе повеќе години е средиште на длабока безбедносна криза, која се гледа во постојаната борба против екстремното милитантско талибанско движење и терористичката организација ДЕАШ, која по поразот во Ирак и Сирија, ги интензивираше активностите во Авганистан.