Sayed Khodaberdi Sadat
28 Април 2016•Ажурирај: 29 Април 2016
МЕЗАР-И-ШЕРИФ (АА) - Во операција на безбедносните сили на Авганистан на северот од државата, во областа Кундуз убиени се 10 талибански милитанти, јавува Anadolu Agency (AA).
Началникот на безбедноста на Кундуз, Генерал Касим Џенгелбаг, во изјавата за АА истакна дека во акција на безбедносните сили во селата Гунаи Кели, Кхелазај и Хазратха, кои спаѓаат во областа на Чардере, во Кундуз, убиени се 10 милитанти, а заробени се 20-мина. Меѓу загинатите милитанти се наоѓа и командантот на локалната организирана група, Кари Наџиб, изјави генерал Џенгелбаг.
Генерал Џенгелбаг додаде дека по ослободувањето на селата од претставниците на организацијата, пронајдени се големи количества на оружје.
Талибанските милитанти сеуште немаат изјава за случајот.
Пред два дена осум милитанти во областа Дашт-и Арчи, во Кундуз, загинаа осуммина терористи-самоубици, поради прерано активирање на експлозивот што го носеле на себе.