Sayed Khodaberdi Sadat
27 Септември 2019•Ажурирај: 28 Септември 2019
КАБУЛ (АА) - Во Авганистан, по соборувањето на талибанскиот режим, народот утре ќе гласа на четвртите избори, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во земјата каде што нападите на Талибанците продолжуваат и безбедносната закана сè уште продолжува, народот утре ќе гласа за да го избере новиот претседател.
Во земјата има околу 13 милиони гласачи, од нив 9 милиони 600 илјади се регистрирале за да можат да гласаат.
Според неодамнешниот извештај на Фондацијата за слободни и фер избори во Авганистан, половина од избирачите кои се регистрирани за утрешните избори можно е да не гласаат поради безбедносни причини.
Во извештајот, исто така, се истакнува дека и внатрешните мигранти, чиј број е доста голем, немаат право да гласаат.
На претседателските избори во 2014 година гласаа повеќе од 8 милиони гласачи.
- Во областите под контрола на Талибанците изборите нема да се спроведат
И покрај тоа што Министерството за одбрана на Авганистан соопшти дека изборите ќе се одржат во сите 34 провинции во земјата, Независната изборна комисија објави дека во десетици области контролирани од Талибанците изборите нема да се одржат.
Според неофицијалните бројки, повеќе од 40 области во провинциите Сари Пул, Џузџан, Фарџаб, Белх, Кундуз, Баглан, Тахар, Херат, Гор, Бадгис и Хелманд се наоѓаат под контрола на Талибанците, а повеќе од 100 области се наоѓаат под закана на Талибанците.
Исто така, една третина од избирачките места нема да можат да работат поради заканата на Талибанците.
- На изборите ќе се натпреваруваат 15 кандидати
Сегашниот претседател, Ашраф Гани, и премиерот, Абдула Абдула, кои ја имаат поддршката од доминантната етничка група и од лидерите во Авганистан, се сметаат за фаворити на изборите на коишто ќе се натпреваруваат 15 кандидати.
Ашраф Гани со потекло од Пештун на изборите влегува со четиричлена екипа, која е составена од Сервес Даниш, потпретседател и еден од лидерите на Хазара, поранешниот претседател за разузнавање Амрулах Салих со таџикистанско потекло и бизнисменот Мухамед Јусуф Газанфар, како претставник на Турците во Авганистан.
Како конкуренти на Гани и Абдула се издвојуваат поранешниот премиер Ѓулбедин Хикметјар и поранешниот началник за разузнавање Рахматулах Небил.
- Избори за претседател
Официјални лица истакнаа дека на изборите што ќе се одржат на 28 септември граѓаните ќе може да гласаат на 7.383 избирачки места, но дека осигурена е безбедност на 5.388 избирачки места.
Се предвидува дека гласачите во скоро 2.000 избирачки места нема да можат да гласаат поради закана од вооружени организации, како што се Талибанците.