Ruslan Rehimov
02 Декември 2020•Ажурирај: 03 Декември 2020
БАКУ
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев 10 ноември, кога Ерменија го призна поразот, го прогласи за „Ден на победата“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од Кабинетот на претседателот на Азербејџан, Алиев одлучи 10 ноември да го прогласи за „Ден на победата“ и тој ден да се слави секоја година.
Алиев исто така 27 септември, денот на почетокот на операцијата што ја спроведе азербејџанската армија за ослободување на нејзината територија, го одреди како „Ден на спомен“ на шехидите (мачениците).
Ерменија го призна поразот по ослободувањето на 5 градски центри, 4 градови и 286 села за време на 44-дневната операција на азербејџанската армија.
Ерменија го потпиша договорот на 10 ноември, ветувајќи дека ќе ги евакуира окупираните провинции Агдам, Лачин и Калбаџар.
- Воена парада ќе се одржи во Баку
Во Баку по повод победа на азербејџанската армија ќе се одржи воена парада.
На церемонијата што ќе се одржи на познатиот плоштад „Азадик" во главниот град, Баку ќе бидат изложени оклопни возила и друго оружје на ерменската армија заробени од азербејџанската армија. Се уште нема официјална изјава за датумот на воената парада.