Tevfik Durul
09 Октомври 2019•Ажурирај: 10 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Во Алжир се одржа 28. Генерално собрание на Унијата на медитеранските новински агенции (AMAN), јавува Anadolu Agency (AA).
На состанокот на кој е избрано новото раководство на АМАН беа разгледани активностите извршени минатата година и плановите за наредната година.
Алжирската Национална новинска агенција (APS), периодичното претседавање со АМАН го презеде од новинската агенција AНА-МПА (ANA-MPA), а на состанокот е донесена одлука следната година 29. Генерално собрание на АМАН да се одржи во Хрватска.
Од друга страна, Атлантската федерација на африканските новински агенции (FAAPA) на Генералното собрание учествува како набљудувач.
Во рамките на Генералното собрание се одржа конференција на тема „Новинските агенции наспроти денешните потешкотии: Можност за станување глобален медиум“.
На конференцијата, интелектуалци и претставници на новинските агенции дискутираа за можностите и потешкотиите што ги нудат социјалните мрежи и дигитализацијата на новинските агенции.
- Награда за Аnadolu Аgency -
На Генералното собрание на АМАН, на фоторепортерот на Anadolu Agency (AA), Мустафа Хасона, му е доделена наградата за „Фотографија на годината“.
На состанокот на кој учествуваа претставници на 17 новински агенции, АА ја претставуваа директорот за меѓународни операции, Муџахит Мухамед Сојкан, и уредникот на редакцијата на арапски јазик, Хасан Меки.
Унијата на медитеранските новински агенции (AMAN), каде што АА е еден од основачите, е формирана на 21 ноември 1991 година во Тунис, со цел да обезбеди заемна соработка и размена на информации меѓу земјите од медитеранските новински агенции.