?????
16 декември 2015•Ажурирај: 17 декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Делегација на Европската Унија во Македонија денес ги додели наградите за 2015-та година "Жан Моне" за најдобар новинарски текст и за најдобрите професионални и аматерски фотографии, јавува Anadolu Agency (АА).
Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав во својот говор рече дека слободата на медиумите и слободата на изразување се темелни вредности на Европската Унија и во духот на церемонијата на објавувањето на резултатите од овогодинешниот конкурс на Канцеларијата на ЕУ во Скопје, која традиционално доделува награди.
Како што рече амбасадорот на ЕУ во Република Македонија, Орав, целта на овој настан, меѓу другите значи е доверба која ја имаат, бидејќи со доделувањето на овие награди, тие всушност ги охрабруваат новинарите да пишуваат и да ја информираат јавноста точно и чесно.
"Целта на доделувањето на овие награди е да се пофали работата на новинарите и фоторепортерите кои често се на првата линија на одбрана на овие вредности."
Победници на годинешната награда за медиуми Жан Моне која ја доделува Делегацијата на ЕУ се Марија Тасев, за надобар новинарски текст, односно за серија текстови посветени на бегалската криза, Наке Батев, во категоријата најдобра репортерска фотографија и Кристина Нонковиќ, во категорија најдобра аматерска фотографија.