Admir Fazlagic
22 Јуни 2019•Ажурирај: 24 Јуни 2019
СКОПЈЕ (АА) - Товарен воз кој се движел во правец Гевгелија - Скопје, вчера пред Демир Капија удрил мигрант од Пакистан, пренесува Anadolu Agency (AA).
„На 21.06.2019 година во 22:50 часот било пријавено дека товарен воз кој се движел во правец Гевгелија - Скопје, пред Демир Капија удрил во А. Н. (мигрант) од Пакистан, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот. Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Гевгелија“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија.
Се додава дека по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.