Fatma Esma Arslan
23 Април 2023•Ажурирај: 24 Април 2023
ДАКАР (АА) - Најмалку 9 лица се убиени во бомбашки напад во регионот Морти, во централниот дел на Мали, пренесува Анадолу.
Во градот Севаре извршени се напади со автомобил бомба во близина на подрачјата во кои се наоѓаат воени бази на Обединетите нации (ОН) и војската на Мали, објавија локалните медиуми.
Според првичните информации, во инцидентите смртно настрадаа 9, а повредени се 60 лица.
Иако засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, се проценува дека зад него стои група поврзана со терористичката организација Ал Каеда.
Се тврди дека главна цел на нападот биле руските војници на групата Вагнер кои делуваат во тој регион.
Регионот Сахел, познат и како „граница на три држави“ (Буркина Фасо, Мали и Нигер), последните години е место на напади извршени од групи поврзани со терористичките организации Ал Каеда и ДЕАШ.
И покрај странските воени мисии стационирани во Мали уште од 2013 година, терористичките организации во земјата продолжуваат со нападите.