Associated Press
23 Април 2023•Ажурирај: 24 Април 2023
БЕРЛИН (АА) - Воз удри во автомобил на железнички премин во северниот дел на Германија ова утро. Во несреќата животот го загубија сите тројца патници во автомобилот, соопшти полицијата, известува Анадолу.
Германската новинска агенција ДПА објави дека полицијата објавила соопштение во кое информира дека регионален воз удрил во автомобил со полна брзина во близина на Нојштат на Рибенберге, надвор од Хановер.
Во несреќата животот го загубија 22-годишниот возач на автомобилот и две жени кои биле со него во автомобилот, на возраст од 21 и 22 години.
Во возот имало 38 патници и четворица вработени во железницата. Едно лице е полесно повредено.
Автомобилот очигледно налетал на железничкиот премин на кој имало спуштена бариера, но која не ја затворала целата површина на патот.