Saadet Firdevs Aparı
18 Јули 2022•Ажурирај: 19 Јули 2022
АНКАРА (АА) – Во Велика Британија оваа недела може да се доживеат најтоплите денови, а температурите може да се искачат и до 40 Целзиусови степени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Метеоролошката служба на Велика Британија (Met Office) за прв пат издаде предупредување за екстремни температури, земајќи го предвид тоа дека температурите за прв пат би можеле да достигнат 40 степени Целзиусови.
Високите температури, според Метеоролошката служба, претставуваат ризик за сериозни болести, па дури и смрт кај здравите луѓе.
Се истакнува дека „црвениот“ аларм за екстремни температури кои негативно влијаат врз патувањата, здравствените услуги и образованието ќе трае до 19 јули.
Највисоката температура досега забележана во Велика Британија е 38,7 степени Целзиусови, рекордна температура регистрирана во 2019 година.
Претседателката на Метеоролошката служба на Велика Британија, Пенелопи Ендресби, рече: „Гледаме дека е голема веројатноста за температури од 40 степени Целзиусови и повисоки за утре. Во моделирањето се појавува дури 43 степени Целзиусови, но се надеваме дека нема да биде толку висока.“
Предупредувањето за екстремни високи температури останува на сила во подрачјето од Лондон на југ до Манчестер и Лидс на север.