Jeyhun Aliyev
18 Јули 2022•Ажурирај: 19 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Нема јасна временска рамка за 'специјалната операција' во Украина, истакна портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Специјалната операција во Украина ќе заврши кога ќе бидат остварени сите нејзини цели“, изјави Песков во интервју за државната телевизија на Иран, осврнувајќи се на тековната војна.
Песков исто така тврди дека руската Армија дејствува 'многу внимателно, употребувајќи оружје со висока прецизност' во Украина, исклучувајќи какви било напади на цивилната инфраструктура.
Осврнувајќи се на санкциите против Русија и Иран, Песков рече дека тоа е 'цената што Русија и Иран ја плаќаат за нивната независност и суверенитет'.
„Она што не те убива, те прави посилен“, додаде тој.
ЕУ воведе шест пакети санкции против Русија од почетокот на војната на земјата со Украина на 24 февруари.
Претходно, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека Европа е најпогодена со антируските санкции, додека ги исцрпува своите ресурси поради испораката на оружје во Украина.
На 7 јули, рускиот претседател Владимир Путин рече: „Сè уште не сме започнале ништо сериозно“, навестувајќи поголем напад во иднина.