07 Февруари 2016•Ажурирај: 09 Февруари 2016
БЕНГАЗИ (АА) - Во воздушен напад во Дерна, Либија, загинаа четири лица, меѓу кои една жена и едно дете, јавува Anadolu Agency (AA).
Според локални извори, воздушните напади во регионот на Баб Тобрук ги извршија воени авиони чиј идентитет сè уште не е утврден.
Помеѓу загинатите освен двајца членови на Советот на борци на Дерна и околината, има една жена и дете.
Либија веќе долго време е средиште на безбедносна и политичка криза. Со последните мировни преговори утврдена е мапа на патот за решавање на кризата.