?????
13 декември 2015•Ажурирај: 13 декември 2015
РИМ (АА) - Министрите за надворешни работи на 19 земји и претставници на повеќе меѓународни организации се сретнаа денеска на Меѓународната конференција за Либија за да го поддржат планот на ОН за решавање на политичката криза, јавува Anadolu Agency (AA).
Либија е во хаос откако во 2011 година беше соборен, a потоа и убиен, поранешниот диктатор Муамер Гадафи. На конференцијата присуствуваа меѓу останатите и американскиот државен секретар Џон Кери и турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, како и претставници на Африканската унија, Арапската лига и ОН.
Властите треба да го поддржат планот на ОН кој либиските спротивставени фракции се заложија дека ќе го потпишат во Мароко во среда. Планот се залага за формирање на Влада на национално единство во рок од 40 дена, која потоа ќе бара сигурност за да се стави крај на внатрешените конфликти и да се концентрира на борбата против терористичката организација ДАЕШ.
Ова ќе им овозможи на Либијците до февруари да формираат претседателски совет, со кој ќе се избере нов Кабинет на министри, вклучувајќи ги и шефовите на централните банки и националните нафтени компании. Советот за безбедност на ОН треба да ја одобри спогодбата за кратко време, откако ќе биде потпишана од страните во Либија.
Се верува дека формирањето на влада од национално единство е од клучно значење за земјата, а со тоа во земјата повторно ќе се воспостави безбедност и ќе се мобилизира меѓународната поддршка за борба против терористичката организација.
Ова е втората Министерска конференција која со цел да се справи со длабоката политичка и безбедносна криза во Либија, се одржува во Рим. Претходната се оддржа во март минатата година. По завршувањето на денешниот сосатнок на дипломати во Рим ќе се одржи прес-конференција за новинари на која ќе се обарти домашниот шеф на италијанската дипломатија Паоло Џентилони и државниот секретар на САД Керикако и пратеникот на ОН за Либија, Мартин Коблер.