Zeynep Hilal Karyağdı
04 Октомври 2020•Ажурирај: 05 Октомври 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Египет се погубени двајца членови на Муслиманското братство, кои беа уапсени за време на демонстрациите против државниот удар во Александрија во август 2013 година, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Египетската невладина организација „We Record“ со седиште во Лондон соопшти дека се погубени Јасир ал Ебасири (49) и Јасир Шукр (45), кои лежеа во затворот „Тора“ во Египет.
Се наведува дека Ал Ебасири и Шукр претходно се осудени на смртна казна за наводно предизвикување насилства на протестите против државниот удар во Александрија.
Египетските власти сè уште не се огласија во врска со погубувањата.
Египет е средиште на длабока политичка и безбедносна криза од средината на 2013 година, кога со воен удар беше соборен од власт првиот демократски избран претседател на земјата, Мухамед Морси, кој беше и лидер на египетското Муслиманско братство.