Ekipa
10 Август 2019•Ажурирај: 11 Август 2019
АЗАЗ (АА) - Најмалку едно лице загина, а шест се ранети во експлозија во северниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Експлозивната направа, монтирана претходно на мотоцикл, е активирана во центарот на Азаз. Според првичните информации, загинал еден цивил.
Причинета е материјална штета, а изби и пожар кој го изгасија екипи на Цивилната заштита. На местото на настанот се наоѓаат голем број полициски сили, преземени се и опсежни безбедносни мерки.
Сѐ уште никој не ја презема одговорноста за нападот. Меѓутоа, се претпоставува дека зад нападот стои терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Цивилите се честа цел на терористичката ЈПГ/ПКК на подрачјето на Азаз, Ал Баб, Џарабулус и Африн.