Ahmet Salih Alacaci, Tarek Chouiref
22 Јуни 2026•Ажурирано: 22 Јуни 2026
Најмалку 54 лица се повредени, а 18 се водат како исчезнати по експлозија во фабрика во Катар, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата рано утринава, пренесува Анадолу.
Министерството во објавата на американската компанија за социјални медиуми Х наведе дека екипите на цивилна заштита и Катарската меѓународна група за пребарување и спасување започнале операции за пребарување на исчезнатите по експлозијата во индустрискиот град Рас Лафан, која била предизвикана од технички инцидент.
Во претходната изјава вчера, Министерството соопшти дека не е регистрирано никакво истекување што би претставувало закана за јавната безбедност.
Во моментот не се достапни други детали.