Ali Rezzakoğlu
26 Март 2021•Ажурирај: 30 Март 2021
КАИРО (АА) - Најмалку 32 лица загинаа, а 66 се повредени во железничка несреќа во јужниот дел на Египет, јавува Агенција Анадолија (АА).
Провладиниот весник „Акбар ал Јум“ (Akhbar al-Youm) јавува дека судирот на двата патнички воза денеска се случил во близина на местото Ал Ибрахимија во египетскиот регион Сохаг.
Министерството за здравство на Египет соопшти дека во несреќата животот го загубиле најмалку 32 лица, а дека се повредени уште 66.
Од Железницата на Египет е соопштено дека е формирана посебна комисија за истрага за причината на несреќата.