Riyaz Khaliq Khaliq
16 Септември 2021•Ажурирај: 17 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Најмалку 3 лица загинаа и 60 се повредени во земјотрес кој утринава ја погоди Кина, активирајќи го алармот од второ ниво во погодениот регион, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кинескиот центар за земјотреси за „Синхуа њуз“ објави дека земјотресот со магнитуда од 6,0 степени по Рихтер го потресол округот Луксијан во градот Лужо, во кинеската југозападна покраина Сечуан.
Тројца од хоспитализираните лица остануваат критични.
Луксијанската област беше потресена од земјотрес на длабочина од 10 километри (6,2 милји) околу 4:33 часот наутро (20:33 часот по средноевропско време).
Локалната администрација во Сечуан го подигна одговорот на второ ниво за да одговори на предизвиците од земјотресот.
Кина има четиристепен систем за итна помош при земјотреси.
Властите на Лужо мобилизираа речиси 3.000 луѓе за операции за спасување, бидејќи погодените луѓе се преместуваат на побезбедни места.
Телекомуникациските услуги во некои области беа погодени, а брзата железничка станица „Лужо“ исто така беше затворена. Од рударските компании е побарано да ги евакуираат рударите од шахтите и привремено да ја прекинат работата.