Mahmut Geldi
10 Декември 2023•Ажурирај: 11 Декември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската армија бомбардираше куќа во Хан Јунис, јужниот дел на Појасот Газа, при што загинаа 10 цивили, а многу други се повредени, објави денес палестинската новинска агенција Вафа, пренесува Анадолу.
Израелските артилериски единици извршија напад и во околината на Европската болница во Хан Јунис.
Повеќе од 17.700 Палестинци загинаа, а над 46.480 се повредени во немилосрдните воздушни и копнени напади врз енклавата кои почнаа од 7 октомври, по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас.
Според официјалните податоци, билансот на израелските жртви во нападот на Хамас изнесува 1.200.
Израел ја продолжи својата воена офанзива врз Појасот Газа на 1 декември, по завршувањето на еднонеделната хуманитарна пауза.