Safiye Karabacak
12 Октомври 2023•Ажурирај: 13 Октомври 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на загинати Палестинци во израелското бомбардирање на Газа се зголеми на 1.417, пренесува Анадолу.
Палестинското Министерство за здравство објави дека во израелските напади врз Газа од 7 октомври загинале 1.417 лица, вклучително 248 жени и 447 деца.
Наведено е дека се повредени 6.268 лица, од кои 932 жени и 1.531 дете.
Ситуацијата ескалираше во Појасот Газа по нападите на палестинската група Хамас врз израелските градови во саботата.
Военото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам, во саботата наутро започна сеопфатна операција наречена „Поплава Ал Акса“.
Израел возврати со масовни воздушни напади врз Газа.
Најмалку 1.300 Израелци загинаа, а 3.300 се повредени во нападите од Газа.