Mehmet Nuri Uçar
26 Јули 2024•Ажурирај: 26 Јули 2024
ГАЗА (АА) - Најмалку петмина Палестинци се убиени, а голем број се ранети во нападите на израелската армија во источниот дел на градот Газа, јавува Анадолу.
Според веста на државната палестинска новинска агенција ВАФА, израелски воени авиони бомбардирале две куќи во округот Сахаба во источниот дел на градот Газа.
Ранети се шест лица, меѓу кои има жени и деца, во бомбардирањето што го изведоа израелските борбени авиони врз населбата Ед-Дурџ во источниот дел на градот Газа.
Израел разнесе многу згради со експлозив во регионот Ал-Муграка во централниот дел на Појасот Газа.
Жителите на Газа, со помош на тимовите за цивилна одбрана, извадија голем број тела од урнатините на куќите бомбардирани од израелските сили во градот Бени Сухејла, источно од градот Кан Јунис.
Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври досега убиени се 39.175 Палестинци, од кои најмалку 16.172 се деца, а 10.798 се жени. Во нападите се ранети и 90.403 Палестинци.
Се верува дека илјадници убиени Палестинци се наоѓаат под урнатите куќи и згради.